Од тоа дали ќе бидете продуктивни и ефикасни зависи изгледот на вашиот живот, среќа, исполнетост, задоволство, признание, унапредување и сл. Продуктивноста и ефикасноста подразбираат исполнување на дневните задачи, цели и обврски успешно, навремено и квалитетно.
Дали ќе бидете продуктивни и ефикасни зависи од многу нешта: концентрација, внимание, енергија, добра здравствена состојба, урамнотеженост во задоволување на потребите и сл.
Ви даваме неколку совети како да ја подобрите својата психо-физичка состојба и да бидете продуктивни и ефикасни што е можно повеќе:
- Подобрете ја вашата циркулација
Крвотокот пренесува потребни материи до сите делови од телото. За да имате добар крвоток потребно е да ја зголемите вашата физичка активност и да ги активирате вашите мускули. Половина час пешачење или 15 минути утринско трчање ќе ви помогнат вашиот крквоток да биде правилен во текот на целиот дел.
- Подобрете ја вашата исхрана
Калорична храна бара многу енергија за дигестија. Наместо да го оптоварите вашиот дигестивен систем и да ја насочите енергијата во варење на храна, јадете храна која лесно се вари и ви дава дополнителна енергија. Вашата порција нема изобилува со зелена боја во која има најмногу хлорофил и железо, мала доза на протеини и масти од растително потекло (јаткасти плодови). На тој начин ќе му дадете доволно храна на мозокот директно, а дигестивниот систем ќе биде лесен што ќе ви даде дополнително чувство на полетност.
- Бидете организирани
Доколку не можете да направите визуелна организација на активностите во вашата глава, направете листа на дневни задачи кои треба да ги остварите, до кога и на кој начин. Листата е најдобро да ја направите пред спиење и да ви биде потпирач и водач во текот на целиот ден.
- Сонот е важен за добра психо-физичка состојба
Квалитетено континуирано спиење од 6-8 часа значително ќе го подобри вашиот когнитивен и конативен капацитет. Легнувајте си пред 23.00 часот и поминете најмалку 6 часа во сон.