Џиновска панда или едноставно кажано панда е припадник на семејството на мечките со природно живеалиште во планините на централна Кина, таму можат да се најдат во густите бамбусови шуми.
Ова животно е лесно препознатливо поради впечатливите црни дамки околу очите, на ушите и околу неговото тркалезно тело. Нивната карактеристична црно-бела боја ги прави еден од најпознатите видови во светот.
Овие прекрасни цицачи се сештојади, можат да јадат и мали животни и риби но 99 проценти од нивната исхрана е бамбусот. Бамбусот има слаба калорична вредност затоа и пандите мора да го јадат многу за да преживееат, го јадат дури 12 до 16 саати дневно околу 12-20 килограми. Тие седат исправено да јадат, како човек.
Џиновска панда растат од 1.2м до 1.5м и тежат помеѓу 75кг до 135кг, некои мажјаци можат да достигнат и до 1.9м а тешки до 160кг.
Џиновските панди се срамежливи животни кои претпочитаат да живеат сами. Користејќи го нивното зголемено чувство за мирис, гигантските панди го детектираат мирисот на другите џиновски панди близу и ги избегнуваат. Единствен исклучок е за време на сезоната на парење (март до мај) кога машките го користат своето чувство за мирис за да ги лоцираат женките.
Женката панда започнува да се пари кога ќе има 6-7 години и обично имаат младенчиња на секои две години. Тие се парат во пролет (март до мај) и раѓаат пет месеци подоцна. Џиновските панди се раѓаат слепи и се приближно 1/900-та по големина на нивните мајки, имаат розева боја која после три недели поминува во црно бела. Бебињата остануваат со своите мајки 18 месеци, во тој момент тие се доволно независни за да основаат своја територија.
Животниот век на пандите во дивината изнесува околу 20 години, додека во затворен простор животниот век може да се зголеми на 30 години.
За разлика од другите мечки, џиновските панди не хибернераат,немаат зимски сон во текот на зимските месеци, но наместо тоа, може да мигрираат во потопли те предели. Едноставен одговор зошто пандите не хибернираат е дека тие не можат да престанат да јадат. Ниската хранлива вредност на бамбусот ги спречува да градат резерви на маснотии да ги траат во текот на зимата.
Изметот на пандата може да биде и до 28 кг дневно. Младите панди го јадат изметот на својата мајка за да ја добијат неопходната бактерија за варење. Истото го прават слоновите, коалите и нилските коњи. Во дивината тие лесно можат да се лоцираат по изметот кој го оставаат зад себе а тоа го прават и до 40 пати девно.
На илегалниот пазар, цената за крзно на панда се движи од 60 до 100 илјади долари.
Пандите се едни од ретките животни чии делови не биле користени во традиционалната кинеска медицина.
Пандата е симбол на мир во Кина.
Извор: onekindplanet.org