Вкупно 28 трилиони тони мраз исчезнале од површината на Земјата од 1994 година, а овие податоци ги добиле британски научници кои користеле сателити за да ја истражат површината на Земјата.

Научниците од универзитетите во Лидс, Единбург и Лондон ја опишаа количината на загуба на мраз со зборот „зашеметување“, пишува „Гардијан“.

„Ако глечерите и ледените плочи продолжат да се топат со оваа брзина, секоја сантиметарска пораст на нивото на морето ќе значи дека околу еден милион луѓе ќе бидат раселени од нивните домови“, објасни професорот Енди Шефард од Универзитетот во Лидс.

Научниците посочуваат дека топењето на мразот во овие количини сериозно ја намалува можноста на Земјата да го одрази сончевото зрачење назад во вселената. Мразот исчезнува, а морето или земјата изложена под него апсорбира сè повеќе топлина, со што се зголемува затоплувањето на планетата.

Извор : Новости ;