Лидерите на 27 држави членки на Европската унија рано утрово постигнале договор за планот за заживување на економијата на Унијата која е загрозена од пандемијата со коронавирусот.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел утрово на својот профил на Твитер со кратка порака „Договор“, објави дека е постигнат договор.

Францускиот претседател Емануел Макрон на својата страница на Твитер напиша дека е „ова историски ден за Европа“.

-Имаме договор и тоа добар договор! ЕУ никогаш така амбициозно не сакала да инвестира во иднината со буџетот (2021-2027) од 1074 милијарди евра и фонд за опоравување на економијата од 750 милијарди евра, изјавила премиерката на Белгија Софи Вилмес.

Стабилната економија е една од главните приоритети на ЕУ која беше разнишана поради пандемијата предизвикана со КОВИД19.

Ова е прва мерка која по проценката на резултатите може да доведе и до воведување на нова мерка која се очекува да ги санира целосно последиците од пандемијата.

Извор: Канал 5