дома информација вест ЕУ и се закани на Турција со воведување на санкции заради провокациите...

ЕУ и се закани на Турција со воведување на санкции заради провокациите кон Грција

694
0

ЕУ вели дека може да воведе санкции против Турција заради „провокации и притисоци“ придржувајќи се на ставот на Грција за енергетските ресурси и морските граници.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја повика Анкара „да се воздржи од еднострани активности“ на истокот на Медитеранот.

Таа зборуваше на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел и се осврна на ситуацијата со поморската граница помеѓу Турција и Грција и невообичаените дејства на границата од страна на Турција.

Претходно, Турција и Грција воспоставија воена телефонска линија за да се обидат да го намалат ризикот од судири во регионот.

Тензиите се зголемија на почетокот на оваа година кога Турција испрати брод во спорната област да бара потенцијално богати наоѓалишта на нафта и гас.

Извор: BBC