дома информација вест Епидемијата ја зголеми драстично стапката на невработеност во Македонија

Епидемијата ја зголеми драстично стапката на невработеност во Македонија

719
0

Агенција за вработување на Македонија објави дека состојбата со невработеноста е значително влошена за време на епидемијата.

Имено само во месец август, бројот на лица кои се пријавиле како невработени и активни баратели на работа изнесувала 3000.

Индустриското производство во Македонија за време на епидемијата – значително се намали поради што се очекува и забележителен пад на БДП оваа година

Важно е да се напомене и дека ова бројка на нови невработени е само во месец август кога и мерките за заштита беа олабавени и во екот на туристичка сезона, што значи дека бројките на нови невработени во другите месеци се значително позагрижувачки.

Во исто време опаѓа и индустриското поризводство што се очекува и да резултира со пад на БДП на крајот на годината.

Се повеќе работници се отпуштаат од фабриките поради појава на вишок работна сила во споредба со потребите за производството, а целокупното производство значително се намалува.

Извор: Сител