дома информација вест Единствен град во Македонија кој нема активни случаи на КОВИД19

Единствен град во Македонија кој нема активни случаи на КОВИД19

703
0

Во моментот скоро и да не постои општина во Македонија во која нема активни случаи на КОВИД19.

На дното на листата се и Демир Хисар со двајца и Крушево и Пехчево со по тројца активни. Најмногу и натаму има во Скопје 684, по што следуваат Куманово со 182, Тетово – 174, Струмица – 150, Кочани – 149, Прилеп – 128 и Гостивар – 108.

Во другите градови се бројат под 100 случаи. Во моментов вкупниот бројот на активни на Ковид-19 во земјата изнесува 2323.

Единствено во Кратово во моментот нема ниту еден активен случај на КОВИД19 од целокупната територија на Македонија.