Од понеделник па до 12 октомври, во црногорските градови Никшиќ, Беране и Андријевица, ќе биде забрането напуштање на домовите, поради зголемувањето на случаите на коронавирус.

Полицискиот час ќе трае од 22 до 5 часот наутро, а забранети ќе бидат и работата на угостителските објекти, како и домашните посети.

Според одлуката на црногорското Национално координативно тело, работата на угостителските објекти и домашните посети од 28 септември ќе бидат забранети и во Рожае.

Карантинот како мерка за спречување на ширење на вирусот станува актуелен откако европските земји наидоа на нов голем број на новозаразени по укинување на ова мерка.

Извор: Вијести