дома животен стил Еве која намирница е најдобар избор за вашите утрински оброци

Еве која намирница е најдобар избор за вашите утрински оброци

1156
0

Утринските оброци треба да бидат помалку калорични и количнински помали во споредба во другите оброци во текот на денот.

Тие треба да ви дадат потребна енергија и да не ви го оптоварат системот за варење со што ќе се чувствувате свежо и енергично во текот на целот ден.

Најдобар избор за утрински оброк или појадок се зеленчук и овошје, но сепак доколку работите исцрпувачка работа или тешка физичка и ви е потребно повеќе храна, тогаш јајцето е совршен извор на хранливи и здрави состојки.

Омлет со авокадо е вкусен и здрав рецепт кој може да си го приготвувате за појадок

Јајцето е извор на протеин

Протеините се потребни за потхранување на вашите мускулни влакна, особено ако работите физичка работа јајцето е идеален појадок за вас.

Содржи железо

Хемоглобинот е основната состојка во крвта од која зависи дистрибуцијата на храна до сите клетки низ телото. Јајцето ќе ви ја даде потребната дневна доза од железо.

Брзо се приготвува

Ако сакате да заштедите време додека го подготвувате вашиот појадок наутро, тогаш јајцето е совршен избор за појадок. Се приготвува за помалку од 5 минути.

Не содржи шеќер

Шекерот брзо се согорува во организмот, но не целосно, таложејќи се во поткожните клерки. Производите што содржат шеќер ви даваат енергија, но која трае кратко, колку и процесот на нивното согорување.

Јајцето ќе ве држи сити повеќе време бидејќи бавно ќе се согорува, но сите состојки ќе бидат прераспределени на вистинското место.