дома информација вест Вучиќ не може да ги скрие симпатиите кон „послушната“ Брнабиќ – ѝ...

Вучиќ не може да ги скрие симпатиите кон „послушната“ Брнабиќ – ѝ довери втор мандат да формира влада

715
0

Ана Брнабиќ повторно ја доби довербата од страна на претседателот на СНС – Александар Вучиќ, да формира влада.

Таа ќе го има вториот мандат во кариерата како премиерка на Република Србија и покрај тоа што помеѓу Србите важи за контроверзен лик согласно – начинот на живот и ставовите кои ги застапува и приватно.

Сепак претседателот на партијата која доби најмногу гласови не ги крие симпатиите кон Брнабиќ, па во текот на вчерашниот ден објави дека таа ќе добие уште еден мандат да формира влада поради добрите резултати што ги остварила во претходниот мандат.

– Не можам да и замерам за ништо крупно, а за ситно можам, иако повеќе можам да си замерам на себе, така што не е фер да си простам себе си, а не и на другите – рече тој, додавајќи дека водела дисциплинирана и одговорна политика, не им се додворувала на странските центри на моќ, ниту на никого во земјата.