дома информација вест Во овој период посебно внимавајте, симптомите на стомачен вирус се слични со...

Во овој период посебно внимавајте, симптомите на стомачен вирус се слични со симптоми на КОВИД19

729
0

Стомачен вирус или ковид-19, е дилемата со која се соочуваат последниов период дел од пациентите, не знаејќи да ги разликуваат поради сличните симптоми.

Ова го регистриле докторите од Брзата помош во комуникацијата со пациентите кои пријавувале симптоми на стомачен вирус, а всушност имале симптоми на КОВИД19.

Лекарите предупредуваат дека во овој период може лесно да се направи забуна околу препознавање на симптоми на КОВИД19.

Од таа причина особено е важно да се пријавуваат навремено сите симптоми и контакти и да се тестираат лицата кои имаат невообичаено влошување на здравствената состојба.

Извор: Канал5