Во моментот низ болниците во Македонија се хоспитализирани 338 пациенти заразени со КОВИД19

1237

Вкупно 338 пациенти во моментов се хоспитализирани низ болниците во државата поради коронавирусот.

Според официјалните податоци, на Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 85 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 5 мајки позитивни на ковид-19, како и 5 деца и 5 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 35 пациент. На респираторна машина се 4 пациенти. Останатите пациенти се хоспитализирани во други болници низ општините: Битола, Штип, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Струмица, Гостивар, Струга и Тетово.

Извор: Нова Македонија