Италијанскиот Сенат, по барање на премиерот Џузепе Конте, донесе одлука да ја продолжи вонредната состојба до 15 октомври.

Конте претходно побара од Парламентот да ја продолжи вонредната состојба во земјата до крајот на октомври, што ќе му овозможи да владее со декрети, и покрај силното спротивставување на опозициските партии.

Владата кон крајот на јануари прогласи вонредна состојба за да им овозможи на министрите да се справат со кризата со коронавирусот.

Пандемијата предизвикана од КОВИД19 се очекува повторно да заземе нов замав, а многу од експертите предвидуваат втор бран кој ќе има подалекусежни последици.

Извор: Сител