Бугарскиот премиер Бојко Борисов на посета во манастирот Рила не носел маска, поради што полициските службеници му пропишале законска казна од 300 лева или 174 долари.

Обврската за носење на маска во затворени простори е донесена повторно од страна на бугарскиот министер за здравство и секое нејзино прекршување се казнува парично.

Ова вест е изненадувачка за многумина бидејќи премиер како највисока извршна функција е казнет токму поради кршење на пропис.

Многу лидери од регионот се сметаа за заштитени и привилегирани кога е во прашање кршење на прописите, но случајот со Борисов сепак потврдува дека во во правна држава никој не е над правото и сите се еднакви пред законот.

Извор: mia.mk