Се случи нов меѓурасен инцидент во Лос Анџелес, откако белци полицајци го убиле афроамериканецот Дижон Кизи (29), гаѓајќи го со дваесетина куршуми во грбот, бидејќи како велосипедист направил сообраќаен прекршок и се обидел да избега.

Убиството предизвика нови протести од страна на граѓаните револтирани од смртоносното полициско насилство низ целата земја против црното население, пренесува Ројтерс.

Кизи возеше велосипед во понеделникот попладне во предградието на Лос Анџелес Вестмонт, каде двајца заменици-шерифи се обидоа да го спречат.

Тој го оставил велосипедот и се обидел да избега, удрил полицаец, според полицијата, и фрлал куп облека што го носел.

Полицијата тврди дека во фрлената облека имало полуавтоматски пиштол, а полицијата потоа отворила оган кон Киз.

Извор: Tanjug