Шибу Филип признава дека знае како е „можеби малку поопуштено на работа“, пишува Би-Би-Си.

Шибу е основач на Transcend – мала компанија со седиште во Лондон, која купува козметички производи на големо и ги препродава преку Интернет.

Во текот на изминатата година и половина, тој ја користеше апликацијата Хабстаф за да следи колку време трошат неговите вработени, колку пати притискаат копче на тастатурата, колку го движат глувчето и кои веб-страници ги посетуваат.

Неговите седум вработени се во Индија и овој софтвер му овозможува да внимава на нив и да ја надмине временската разлика.

Јас самиот се познавам. Можете да украдете дополнителни десет минути време тука и таму. Затоа е добро да имате автоматски надзор над работниците – вели Шибу.

Гледајќи ги сликите од екранот и обрнувајќи внимание на тоа колку е потребно некому за да изврши одредена задача, знам дали вработените ја следат постапката. И, ако тие работат подобро од очекуваното, јас исто така ги проучувам фотографиите и ги замолувам да го споделат своето знаење со другите, за да можеме сите да се подобриме. ‘

Вработените се целосно свесни дека овој софтвер е во употреба и може да го избришат снименото време што го поминале на веб-страница, што можеби случајно останало за време на паузата – објаснува Шибу.