дома информација вест Американците побараа откуп на „Тик Ток“, но Кинезите нема да го продадат....

Американците побараа откуп на „Тик Ток“, но Кинезите нема да го продадат. Започнува ли војна помеѓу Америка и Кина за доминација во светскиот виртуелен простор?!

716
0

Ако нè следите редовно, тогаш веројатно знаете дека „ТикТок“ доби наредба од американскиот претседател едноставно да ја продаде на американска компанија – или ќе биде затворена.

Со оглед на тоа што американскиот регион ги вклучува Австралија, Нов Зеланд и некои други територии, „ТикТок“ е во многу незавидна позиција, но ако изворите на оваа вест се сигурни, кинеската компанија одби да продава.

Мајкрософт, Валмарт, Оракл и други беа заинтересирани за купување на „ТикТок“ од американскиот бизнис, но „ТикТок“ ќе остане во сопственост на матичната компанија БајтДенс.

Според неофицијалните податоци на државната кинеска телевизија на англиски јазик, ТикТок и Оракл ќе станат партнерски компании и ќе разменуваат технологии и искуства, како и постапките на обете компании.

На тој начин, американскиот систем ќе има увид во тоа што се случува со апликацијата ТикТок, а ТикТок практично нема да биде продаден на ниту една компанија, па дури ни на американската.

Извор: Mondo.ba