Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска поднесе пријава против академик Катица Ќулавкова за нејзината изјава, напишана на Твитер, а со која, како што велат, поттикнува нетрпеливост помеѓу етничките заедници.

Се работи за нејзината објава на Твитер: „Цената на соживотот ја плаќаме со животот“, која подоцна беше избришана.

„Имајќи предвид дека во нашата држава доминира говорот на омраза токму на етничка основа, ширењето и поттикнувањето на таквиот говор има посебна тежина, затоа што води кон злосторства од омраза, односно кон распламтување на националистичките страсти. А тие по дефиниција се разорни за ранливото социјално ткиво и имаат потенцијал за да ја нарушат националната безбедност. Особено е опасно кога таквиот говор го применуваат интелектуалци, политичари, новинари и други личности со поголемо општествено влијание“, велат од Хелсиншки комитет.

Се потенцира фактот што академик и истакнат интелектуалец од Македонија е пријавен по повод ширење на меѓуетнички тензии преку твитер профил. Овој случај го изразува конфликтот помеѓу ададемската фела како средиште на интелектуалната средина и активистите за човекови права. Дали интелектуалците со своите ставови и изјави влијаат на развојот на настаните и до која мера останува да ја проследиме одлуката на Обвинителството.

Целата вест на fokus.mk може да ја прочитате тука