дома информација вест Ќе продолжат ли со работа градинките?

Ќе продолжат ли со работа градинките?

1054
0

Негувателка во детска градинка во Битола е меѓу новозаболените од коронавирус, поради што, пет деца кои се згрижени во објектот, заедно со пет вработени ќе бидат во домашна изолација наредните 14 дена поради контакт со неа.

Вработените работеле како воспитувачки и негувателки. Ова е прв случај на заразен вработен во градинка, по само два дена откако Владата по препорака на Комисијата за заразни болести донесе одлука тие да почнат со работа.

Засега нема информација како негувателката се заразила со коронавирус.

По отворање на градинките од пред неколку дена ова е прв случај на заразена вработена во градинките и претставува тест на Протоколите за работа на градинките.

Доколку во иднина се појават уште вакви случаи, се поставува прашањето за флексибилноста на работата на Министерството за здравство во изготвување на нови Протоколи или целосно затворање на градинките за работа.

Извор: Нова Македонија