дома животен стил Четири руски методи за лекување на утрински мамурлак после „весела ноќ“

Четири руски методи за лекување на утрински мамурлак после „весела ноќ“

952
0

Потрошувачката на алкохол во Русија останува меѓу највисоките во светот. Според извештајот на Светската здравствена организација од 2011 година, годишната потрошувачка на алкохол по глава на жител во Русија е околу 15,76 литри, четврти по обем во Европа.

Потрошувачката на алкохол во Русија падна на помалку од 10 литри заклучно со 2019 година. Друга опасна одлика на рускиот начин на консумирање алкохол беше големиот обем жестоки пијалоци во споредба со другите алкохолни пијалоци (како пиво или црвено вино).

Русите имаат развиено посебна техника на лекување на утринскиот мамурлук од пиење, еве што најчесто се користи за ублажување на „спомените од претходната луда ноќ“:

Супа со зеленчук

Солена супа со зеленчук е вообичаен доручек за Русите кои претходните вечери претерале со конзумирање на алкохолни пијалоци.

Руската супа за мамурлук е солена со цел да го поттикне пиењето вода и ублажување на дехидрацијата, а компонентите на зеленчукот го снабдуваат телото со витамини и го помага одбрамбениот систем во отфрлање на сите токсини и „вишок“ состојки од организмот.

Пробиотски јогурт

Пробиотскиот јогурт е решение за утрински мамурлук на многу Руси уживатели на алкохони пијалоци. Пробиотскиот јогурт го забразува варењето на храната и овозможува побрзо чистење на токсините од телото.

Кафе

Кафето содржи состојки кои ја забрзуваат работата на цревата и го олеснуваат стомакот. Од таа причина е една од состојките со кои Русите го започнуваат своето утро по „весела ноќ“.

Внес на витамин Ц

Состојки кои содржат витамин Ц се исто така решение за утрински мамурлук. Витамин Ц ја помага абсорцијата на вода во клетките, што е идеално решение за дехидрираниот организам од алкохол.

Извор: Википедиа