Цената на лебот во ЕУ забележа пораст невиден со години. Според бројките објавени денеска од европската агенција за статистика Еуростат, цената на оваа основна храна скокнала во просек за 18 отсто во ЕУ помеѓу август 2022 година и август 2021 година, јави дописникот на МИА.

Значителен пораст во однос на претходниот тренд. Навистина, ова зголемување беше само 3 отсто помеѓу август 2021 и август 2020 година.

Се разбира, не сите земји-членки доживуваат слична инфлација. Најмногу казнета е Унгарија, со зголемување на цените за 66 отсто во текот на една година. Далеку зад, Литванија, Естонија и Словачка кои забележаа скок на вредноста на лебот за 33 и 32 отсто. Франција е попоштедена од нејзините соседи. Во земјата на багетот, скокот е ограничен на 8 отсто. По Париз следуваат Холандија и Луксембург каде цените скокнаа за 10 отсто.

Сосема очекувано, европската агенција за статистика ампутира голем дел од овој дополнителен трошок за војната во Украина. Двете земји се меѓу главните извозници на пченица и ѓубрива. Како резултат на тоа, цените вртоглаво пораснаа. Така, пченицата достигна рекорд на 16 мај од 438,25 евра по тон, пред да падне назад, но сепак на високи нивоа (повеќе од 350 евра по тон).

Поопшто, порастот на цените е општ на стариот континент. Годишната стапка на инфлација во еврозоната изнесуваше 9,1 отсто во август 2022 година, во споредба со 8,9 отсто во јули, повторно според Евростат. Една година претходно оваа стапка беше 3,0 отсто.