До крајот на годинава на жителите на Куманово, Прилеп, Боговиње, Центар Жупа и Свети Николе ќе им биде овозможено давачките кон општината да ги плаќаат електронски, во било кое време и од било кое место.

Фондот за иновации објави повик за дигитализирање на услугите во овие пет општини кој ќе биде отворен до 15 октомври за сите домашни ИТ компании од кои се очекува да направат решенија за воспоставување електронски систем за наплата на давачките, систем за електронско плаќање кон јавните претпријатија и две решенија за отворање на општините кон граѓаните односно електронски систем за волонтери и онлајн платформа за општински форум.

Со тоа се продлабочува процесот на дигитализација на уплатите, а електронското плаќање на даноците ќе обезбеди заштедување на време и намалување на гужвите во банките.

Извор: Нова Македонија

претходниот член,Како да си го зачувате душевниот мир и психичкото здравје?
Следната статијаДенеска одлично време за организирање на прошетка во природа

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде