дома животен стил Темели на здрава комуникација

Темели на здрава комуникација

1059
0

Во животот сме изложени на различни радиации и токсични влијанија од средината.

Некои од нив ги сметаме за нужни, додека други се последица на наши одлуки и избори. На пример ако имате лоша комуникација со некој член од семејството таа има потраен карактер отколку лоша комуникација со колега или шеф на работа со кој полесно можете да ја прекинете засекогаш вашата комуникација.

Во суштина не постои однос кој е вечен и непроменлив без разлика на тоа што нашето општество ги организира релациите помеѓу поединците инсистирајќи на нивниот постабилен и потраен карактер – па имаме концепти како брак, семејство, вечно пријателство, вечна љубов и слично.

Вистината е дека секој однос може да „доживее“ крах, а за тоа да се случи доволно е вие да посакате да се тргнете од средина која за вас е токсична и радиоактивна.

Во продолжение неколку „златни правила“ на нормалната комуникација што може да ви бидат репер во поглед на оценување на карактерот на вашата релација со други луѓе:

How to Improve Workplace Communication | Christopher Salem

Почит

Секој возрасен човек точно знае на кој начин може да повреди друг. Изборот на зборови, начинот на кој некој ве погледнува и дури го позиционира своето тело кон вас открива многу за неговата почит кон вас.

Ако невнимава на избор на зборови или тенденциозно прави избор на зборови кои би можеле да ви предизвикаат негативни емоции, тогаш си имате работа со човек со кој не би требало да си имате работа.

Подршка

Луѓето кои здраво комуницираат секогаш се меѓусебна подршка едни на други. Од такви луѓе никогаш нема да очекувате сугестивно прашање: „Зошто тоа го правиш“ или „Идеја како подобро да направите нешто во својот живот“. Тие едноставно ќе застанат зад секоја ваша одлука и ќе ја бранат вашата слобода да учите и искусувате во животот самостојно.

Внимание

Луѓето ви даваат внимание и кога се расправаат со вас и кога ве навредуваат, но тоа внимание скоро никому не му е ниту потребно, ниту пријатно.

Но ако некој ви донесе чаша вода во моментот кога сте најмногу жедни, тоа е дефиниција за внимание.

Секогаш во своја близина имајте луѓе кои покажуваат внимание токму на таков начин.

Ве штедат

Луѓето што градат нормална релација со вас ве штедат од некои сознанија, свои проблеми или идеи кои може да предизвикаат лоши чувства кај вас.

Луѓето често сметаат дека оние што се им кажуваат и им се исповедуваат се транспарентни и доверливи луѓе. Реалноста е сосема спротивна. Тоа се само луѓе кои бараат потпора на ваше рамо и имаат потреба од вас да изнудат некоја емоција или да ви ја создадат вашата слика за себе.

Вистинските луѓе нема да ви пренесуваат дали некој ве озборувал, какви проблеми имале во своето минато (кои за вас се ирелевантни и нерешливи) или дали имаат блага вртоглавица која не им го попречува нормалното функционирање.

Се радуваат на вашата среќа

Дури и да постигнете успех независно од нив и да сте среќни и настрана од нив, вистинските луѓе искрено ќе се радуваат на вашата среќа.

Само лицемерите ќе бараат учество во секоја ваша среќа и несреќа бидејќи ви создаваат зависност од себе во справување со животните ситуации.