Најпознатиот критичар на Владимир Путин, Алексеј Навални пред неколку дена доживе загрозување на здравствената состојба.

На летото кон Москва, на Навални му се влошила здравствената состојба откако претходно на аеродромот испил чај.

Неколку патници во авионот ги снимија криците и повици за помош на Навални во авионот што ги спречи руските лекари да изнесуваат смели хипотези за причината за влошувањето на неговата здравствена состојба.

Навални најпрво нил пренесен во руска болница каде токсиколошките наводи, наводно покажале дека не се работи за труење.

По неколку дена, на барање на семејството на Навални тој беше пренесен во Берлин каде првичните соопштенија се дека во неговата крв се наоѓаат инхибатори на холинестераза, што значи дека бил отруен со специфична супстанца.

Извор: МИА