дома информација вест Русија почна да ја дитрибуира вакцината против корона вирусот за цивилна употреба

Русија почна да ја дитрибуира вакцината против корона вирусот за цивилна употреба

905
0

Руските власти тврдат дека земјата ја произведела првата група вакцини „Спутник В“ за цивилна употреба, а наскоро се очекува дистрибуција во регионите низ целата земја.

Руското министерство за здравство соопшти дека вакцината „Спутник В корона вирус“, изработена од Институтот за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, е тестирана во лабораториите на Федералната здравствена служба и е произведена за цивилна употреба.

Претходно, рускиот министер за здравство Михаил Мурашко објасни дека производството на вакцини за цивилна употреба во оваа фаза значи дека граѓаните од ризични групи, поточно медицинскиот персонал и наставниците, ќе бидат вакцинирани и дека вакцинациите ќе се вршат истовремено со последната фаза од клиничките испитувања.

На 11 август Русија стана првата земја во светот што регистрирала вакцина за коронавирус. „Спутник В“ помина низ две фази на клинички испитувања во јуни и јули, а последната, трета фаза ќе се спроведе по регистрација на вакцина.

Извор: Jutarnjilist.hr