дома информација вест Прв училиштен ден за правачињата низ Македонија

Прв училиштен ден за правачињата низ Македонија

698
0

За прв пат во историјата, започна учебната година со празни клупи и столчиња во голем број на училишта низ Македонија.

Мал број на училишта добија дозвола за реализирање на настава со физично присуство, а најголем број ќе реализираат настава преку т.н образовна платформа која тековнава недела беше презентирана од МОН.

Некои од првачињата го имаа првиот училиштен час, без да видат како всушност изгледа нивното училиште.

Оние, пак, кои учат во училишта кои добиле дозвола за организирање на настава со физичко присуство, наставата ја спроведуваат под посебни протоколи пропишани од Комисија за заразни болести и усвоени од владата.

Извор – фото: Канал5

претходниот член,Сакате да се засладите со колач кој брзо и лесно се подготвува, а ќе ве чини само неколку минути од вашето слободно време? РЕЦЕПТ И ВИДЕО
Следната статијаНи требаат уште еден милион волонтери за испитувањата со вакцини КОВИД-19