Првиот излечен од ХИВ – Тимоти Реј Браун – почина од рак.

На Реј Браун, кој беше познат и како „берлински пациент“, му беше извршена трансплантација на коскена срцевина од донатор кој беше природно отпорен на ХИВ.

Тоа значеше дека повеќе не му требаат антивирусни лекови и тој беше целосно излекуван од вирусот, што може да предизвика хронично заболување – СИДА.

ХИВ вирусот предизвикува трајно заболување на човечкиот организам, во медицинската терминологија познато како СИДА (Синдром на стекнат имунолошки дефицит)

Меѓународното здружение за помош соопшти дека животот на Браун е од големо значење, бидејќи неговата лична приказна му дала на светот надеж дека е можно човек да се излекува од ХИВ.

На Браун, 54, роден во САД, му беше дијагностициран ХИВ додека живееше во Берлин во 1995 година. Потоа, во 2007 година тој разви еден вид карцином на крв, наречен акутна миелоидна леукемија.

Неговиот третман вклучуваше уништување на неговата коскена срцевина, која произведуваше канцерогени клетки, а потоа и трансплантација на коскена срцевина.

Трансферот дошол од донатор кој имал ретка мутација во дел од неговата ДНК наречена ген CCR5.

Извор: BBC