Случај „Гевгелија Хаб“ идентичен со „Јавна соба“. Првите жртви на порнографскиот материјал на девојки и жени од Гевгелија и околината кој  завршувале во пораки на Вибер и Месинџер евидентиран во МВР. 

о момнетот станува збор за две жени кои собрале храброст да го пријават јавниот линч. Од МВР за овој случај велат дека:

„На 08.07.2020 во 10.00 часот во Одделението за внатрешни работи Гевгелија, 29-годишна жена од Гевгелија пријавила дека на социјални мрежи се препраќани нејзини интимни фотографии, кои таа пред околу 4 години му ги пратила на лице од Гевгелија, со кого тогаш била во љубовна врска. На 09.07.2020 во 10.00 часот, 24-годишна жена од Гевгелија, исто така, пријавила дека на социјални мрежи без нејзина дозвола се споделувало видео со интимна содржина на кого се гледала пријавителката, а било снимено со мобилниот телефон на лице со кого пријавителката порано била во врска.“ – велат од МВР и уверуваат дека интентензивно работата на расчистување на случајот, кој во јавноста го разоткрија од невладината коалиција „Маргини“.

Од таму велат декасекое непостапување на институциите за вакви кривични дела само охрабрува да се продолжи со овој тип на злоупотреби кои може да остават и трајни последи за менталното и физичкоѕо здравје на жртвите и нивните семејства.

Во аферата „Јавна соба“ беа вклучени многу личности познати на јавноста што дополнително ја зголеми сериозноста на случајот со однос на тоа што со нивното следење го стимулирале нелегалното пласирање на порнографска содржина на социјалните мрежи.

Извор: kanal5.com.mk