Пo нестабилното време проследено со врнежи, грмежи и град, тропска топлина со температури до 36 степени Целзиусови нè чека денес и утре.

Топлотен бран од Африка ова недела ќе ја заземе цела Европа, што значи дека до крајот на неделата ќе имаме високи температури.

Експертите предвидуваат дека времето ќе биде штетно по здравјето на болни, постари лица и за животни.

Се препорачуваат посебни мерки за здравствена заштита кај таа категорија на граѓани, како што се внесување на доволно течности пред се вода, избегнување на движење во период од 11 до 17 часот и носење на слоевита облека.

претходниот член,Во Италија вонредната состојба продолжена до 15ти Октомври
Следната статија41 година од смртта на основачот на Франкфуртска школа и левичар на новото време

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде