Патниците кои пристигнуваат во Грција со авион, по море или земја ќе треба да пополнат посебен образец најмалку 48 часа пред да влезат во земјата, врз основа на кој ќе добијат специјален баркод (QR).

Од сите патници се бара да пополнат PLF (Passenger locator form), односно формулар за лоцирање на патници што може да се преземе од официјалната веб-страница за патување.travel.gov.gr, обезбедувајќи детални информации за местото на поаѓање, времетраењето на претходниот престој во други земји и адресата за време на престојот во Грција.

Протоколот за сите патници предвидува да се оди до местото каде што се контролорите, кои ќе го проверат QR-кодот на секој патник, од каде, во зависност од QR-кодот, се насочуваат кон местото за преглед (скрининг) или излез (земање на багажот или контрола на пасош).

Додека не пристигнат резултатите од скринингот, од патниците кои се тестирани за коронавирус се бара да одат во самоизолација на адресата наведена во PLF формуларот.

Ако се појават симптоми на респираторна инфекција, патниците мора веднаш да се јават во Оперативниот центар на Националната здравствена организација (EODI)

Во протоколот се нагласува дека сите патници мора да се придржуваат кон сите неопходни мерки за превентивна хигиена (употреба на маски и физичко растојание).

Ако луѓето што пристигнуваат во Грција планираат да застанат на неколку места во земјата, тие мора да го пријават тоа, заедно со нивната оригинална дестинација и маршрутата за следните седум дена.

Извор: novatv.mk