дома информација Ни фрлаат бомби во предизборни кампањи

Ни фрлаат бомби во предизборни кампањи

53
0

Во тек е предизборната кампања во Македонија. Сите партии настапуваат со своите политички програми, идеологии и понуди пред гласачите со кои го „ловат“ нивното внимание и доверба.

Се појавија многу нови партии и лица на ТВ екраните, но и веќе добропознатите лица од политичкиот естабишмент.

Додека секоја партија избира начин на кој ќе се презентира пред електоратот, во јавноста секојдневно одекнуваат „бомби“ односно нелегално прибавени аудио снимки кои се компромитирачки за некој од кандидатите за пратеници или се поврзани со работењето на политичките партии.

Таквите аудио снимки откриваат многу детали за начинот на работење на владејачките структури и сегашните кандидати за пратеници а поранешни партиски или јавни функционери.

Бомбите носат негативен рејтинг за политичките партии и се дел од кампањата дискредитирање на другиот автоматски носи поголеми поени за тој што дискредитира.

Но наместо констурктивна предизборна кампања, која ќе донесе доверба во институциите и демократичност, сегашниот избор на начинот на водење на кампањата ја продлабочува апатијата.

Деструктивната кампања не носи доверба кај другиот на сметка на оној што е дискредитиран, таа не го пренасочува изборот, туку напротив носи апатија и одлука да не се учествува во изборниот процес и да не се даде глас.

Предизборната кампања во Македонија се води на „вашарско ниво“ и ја покажува очајната политичка култура која сее недемократичност и апатија.

Магдалена Стојмановиќ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде