дома информација вест Најголемите македонски поети ќе останат непознати за средношколците поради скратена наставна програма

Најголемите македонски поети ќе останат непознати за средношколците поради скратена наставна програма

846
0

Ова година поради епидемијата со корона вирусот, а во служба на зачувување на јавното здравје се воведени мерки според кои владата одлучи дека најдобро е да се реализира настава преку учење од далечина.

По тој повод се воведе и скаратена наставна програма при што многу лекции и обемен материја кој инаку е предвиден за учебна година беше исфрлен од курикулумите.

Реакција на социјални мрежи од извесен Перчо Божиновски, наставник по македонски јазик во средно училиште во Охрид, откри дека средношколците од 4 година, ќе останат незапознаени со најголемите имиња во македонската поезија поради скратена наставна програма.

Во скратената наставна програма за четврта година по Македонски јазик и литература, замислете, изоставени се Анте Поповски, Гане Тодоровски, Матеја Матевски, Петре М. Андреевски… Зарем нив најдовте да ги тргнете од лириката во современата македонска литература? Дали затоа што преку нив можеби најдобро учениците ја развиваат и зацврстуваат свеста за значењето на македонскиот јазик и македонската литература како основни белези на националниот идентитет? Сте се излажале, ќе најдеме начин како да се интерпретираат, затоа што вечно ќе одекнуваат нивните стихови – пишува наставник по македонски јазик од Охрид -Перчо Божиновски на социјалните мрежи.