дома информација вест Најголема економска криза во последните 30 години: Повеќе од 650.000 Британци ќе...

Најголема економска криза во последните 30 години: Повеќе од 650.000 Британци ќе останат без работа до крајот на годинава

940
0

Британија е на пат да забележи најголем пораст на вишокот на вработени во последните 30 години во втората половина на 2020 година, според најавите на работодавците погодени од економското влијание на пандемијата, објави тинк-тенк организација.


Околу 650 000 луѓе, и потенцијално многу повеќе, најверојатно ќе бидат вишок во Велика Британија помеѓу јули и декември, според извештајот на Институтот за студии за вработување (ИЕС), независна истражувачка организација, пренесува Ројтерс.

„За жал, повеќето такви преструктуирања сега изгледаат неизбежни“, се вели во извештајот.

Бројот на известувања за отпуштања е повеќе од двојно поголем отколку за време на рецесијата во 2008/2009 година, а уште 450.000 лица може да бидат прогласени за технолошки вишок во јули-септември, што е за 50 проценти над највисокото ниво забележано во истиот квартал за време на глобалната финансиска криза.

Сепак, високото ниво на отпуштања не мора да доведе до масовна невработеност доколку луѓето можат да најдат работа со нови работодавци, додава IES.

Владата треба да ги намали придонесите на работодавачите по вработен со цел да го поттикне вработувањето и да обезбеди „тесно насочена“ поддршка на платите во индустриите и областите што ќе бидат одржливи на долг рок, проценува IES.