Доктор Сасан Рафи кој долги години ги истражува сите белодробни заболувања вклучувајќи ги и оние заболувања кои се предизвикани од КОВИД19 тврди дека дури и оздравените пациенти во своето тело носат „бомба која во секој момент може да се активира“.

Корона вирусот е голема мистерија за научниците кои се уште трагаат по одговори за последиците што ги остава КОВИД19 врз организмот.

Малку студии во светот даваат информации за изворите на зараза, начин на пренесување, здравствена заштита, период на инкубација, оздравување и сл. Дури и постоечките студии често биваат негирани во нивните претпоставки со некои нови разврски и пракса во случајот со КОВИД19.

Најголема мистерија е зошто КОВИД19 има толку долг период на инкубација, се задржува невообичаено многу време во организмот на заболениот, но и фактот што многу пациенти кои веќе оздравеле не стекнале имунитет и повторно се заболеле од истиот вирус.

Доктор Рафи открива дека штом корона вирус ќе влезе еднаш во организмот на човек, тој останува таму засекогаш и не е извесно дали повторно ќе се активира и какви последици ќе донесе неговото присуство врз здравјето на луѓето.

Од тие причини не смее да се оди на стекнување на природна имунизација, а според овие тврдења ниту вештачка, туку треба да се работи на превенција.

Најсигурно по здравјето на човекот е да не дојде до заболување со вирусот. Доколку еднаш се случи заболување, последиците се трајни, а вирусот останува во организмот засекогаш.

Извор: novosti.rs