дома животен стил Како да го подобрите изгледот на вашата кожа

Како да го подобрите изгледот на вашата кожа

1085
0

Кожата е најголемиот орган на човековото тело, а убава и негувана кожа открива многу за вашиот однос кон себе и кон убавината воопшто.

Не можеме целосно да одредиме каква ќе биде текстурата и својствата на нашата кожа бидејќи голем удел има генетиката и се раѓаме со одредени својства на нашата кожа.

Сепак, не е исклучено дека со неколку постапки кои ќе одземат малку време можете да го подобрите изгледот на вашата кожа и да придонесете таа да биде мека, мазна, хидрирана и ухранета.

Еве како го подобар изглед на вашата кожа:

10-Step Korean Skin Care Routine | Eminence Organic Skin Care

Сонцето е многу важен фактор

Сонцето е најголемиот природен извор на Д витамин кој има клучна улога во потхранување на кожата и рехабилитирање на кожните клетки.

Сите лузни, остатоци од акни и слично кога ќе се изложат на сонце повеќе време, тие заздравуваат побрзо. Од таа причина потребно е да поминувате повеќе време на сонце.

Но, поминувањето време на сонце треба да е ограничено и во вистинки период од денот. Не се изложувајте претерано на сонце во периотот попладне бидејќи тогаш сончевите зраци се најсилни и УВ зрачењата може да ја оштетат и целосно дехидрираат вашата кожа.

Не користите заштитен фактор при сончање бидејќи тој нема да дозволи сончевите зраци да продираат во вашата кожа.

Ако сепак се одлучите да користите крема со заштитен фактор нека биде со низок заштитен фактор и аплицирајте ја само доколку сончевите зраци се силни или на места од телото каде кожата е најкревка.

Не користете јака козметика при туширање

При туширање не користете јака козметика низ целото тело. Кожата има свој систем на хидрирање и бактериска флора на површината која ја штити од надворешни влијанија и ја потхранува кожата.

Чистењето на овие „добри бактери“ може да придонесе кожата да ви стане сува и подложна на оштетување, од таа причина е потребно да ја оставите кожата сама да се рехабилитира и одржува.

При туширање најдобро е да користите само вода и сапун (исклучиво на интимни места и под пазувите) другиот дел од кожата поминувајте го само со вода.

Еднаш во две недели користете сауна или џакузи

Спа третманите имаат релаксирачко дејство, но тие исто така помагаат и за подобар изглед и подобрување на здравјето на кожата.

Топлата бања или сауната целосно ги отвораат кожните пори и овозможуваат сите токсини во телото побрзо да се исфрлат преку кожата.

По овој третман вашата кожа ќе биде чиста и свежа, бидејќи целосно ќе може да дише.

Квалитетен сон е услов за добар изглед на кожата

Квалитетен сон е услов за целокупното здравје на вашето тело, па така и за вашата кожа е неопходен квалитетен сон.

Спиењето ја одмара вашата кожа, ги рехабилитира кожните клетки носејќи кислород до сите делови од телото.

Допир

Допирајте се почесто со вашиот партнер. Допирот на кожата ги стимулира нервните завршетоци и ја прави кожата повитална.

Исто така размената на бактериите и помага на кожата да стекне одбрамбен систем и да се поприлагодлива на срединските околности.