Во некои делови од светот, вклучително и во некои приватни училишта низ Македонија од денеска почнува учебната година.

Начинот на изведување на наставата е поразличен од вообичаениот што се применуваше до сега, откако пандемијата донесе низа измени во начинот на функционирање.

Спроведувајќи ги протоколите за здравствена заштита, наставата ова учебна година ќе се изведува под посебни услови.

Меѓу тие услови се: задолжително носење на заштитни маски, еден ученик на една клупа, дистанца помеѓу клупите или пластичен параван помеѓу клупите на кој смее да престојува само еден ученик.

Средства за дезинфекција ќе станат секојдневие за децата, за наставниците и за сите вработени во училиштата. Низ некои училишта пред почетокот на учебната година им се одржаа неколку часа на децата, како треба да се шридржуваат до протоколите за да го заштитат своето здравје.

претходниот член,Коронавирус: Како да летате за време на глобална пандемија (ВИДЕО)
Следната статијаНовоизбраната влада со ветување дека ќе работи на економски развој и зголемување на минималните плати до крајот на мандатот

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде