Жената е уапсена кога се обидела да влезе во Соединетите држави од Канада, соопштија американските власти, пренесува Си-Ен-Ен.

Уапсената жена имала и пиштол со себе, пренесува Си-Ен-Ен пренесувајќи ја објавата на надлежните органи, додавајќи дека наскоро против неа ќе биде покренато обвинение.

Пакет што содржел отров – рицин бил испратен до претседателот Доналд Трамп и полицијата го пресретнала претходно оваа недела, пред да биде доставен до Белата куќа.

Слични писма биле испратени до органите на прогонот во Тексас, вклучувајќи затвор и канцеларијата на шерифот.

Заедничката работна група за борба против тероризмот во Вашингтон започна истрага со помош на полицијата во Њујорк и Кавалската коњаничка полиција (РЦМП).

Истражителите рекоа дека не е востановена никаква врска помеѓу писмото со отров и меѓународните терористички организации.

претходниот член,Урнебесна глетка во Австралија: Кит плива во речни води
Следната статијаБогатите се најголеми штетници за природата: Емисија на CO2 кај богатите е повеќе од половина повисока во споредба со сиромашните делови од светот

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде