Без успех синоќа завршија итните разговори помеѓу Велика Британија и ЕУ за спорниот предлог-закон за поништување на резултатите од четиригодишните разговори за брегзит.

Европската унија побара од Велика Британија да се откаже од предлог-законот, но британската Влада на премиерот Борис Џонсон не го прифати тоа барање.

Европската комисија соопшти дека започнува подготовки за нерегулирано излегување на Велика Британија од ЕУ, оценувајќи дека Лондон „крајно сериозно ќе го прекрши“ минатогодишниот договор доколку го усвои предложениот владин закон.

Забележливо е дека последните неколку обиди да се воспостави договор за трговските односи во процесот „Брегзит“ се неуспешни, што сериозно ги заладува односите помеѓу ЕУ и Велика Британија.

Извор: Нова Македонија