дома информација вест Донатор на сперма има 36 деца претставувајќи се лажно како доктор на...

Донатор на сперма има 36 деца претставувајќи се лажно како доктор на науки, а всушност бил психички болен – следуваат тужби

723
0

За мајките, тој беше познат како донатор 9623. Тие не го знаеја неговото име, но преку неговиот профил во клиниката за донирање сперма дознаа дека има коефициент на интелигенција од 160, зборува четири јазици, работи на стекнување на докторат во неуроинжинеринг и изгледа како Том Круз, пишува „Атлантик“.

Но, донаторот беше лажно претставен. Тој не работеше на докторат, а дури не ни го завршил факултетот. Лагите почнаа да се откриваат во 2014 година кога банката за сперма случајно го откри неговото име – Крис Агелс, како и неговиот мејл, во порака до група на мајки.

Дотогаш спермата која ја донираше во изминатите 14 години била испратена до повеќе сојузни држави во САД, како и до три странски држави, што резултираше со раѓање на 36 деца. Мајките кои случајно наидоа на новите информации, со пребарување на неговиот идентитет преку Гугл, открија коментар кој Агелс го оставил на Интернет, во кој вели дека „слуша гласови“.

Тие подоцна дознаа и дека тој бил хоспитализиран поради психолошки нарушувања, дека бил суициден и оти се изјаснил како виновен за провала, пред или во тек на периодот во кој донирал сперма.

Извор: Нова Македонија