Сакајки да направи измена на наставната програма по предметот Српски јазик и книжевност во гимназиите комисијата за Завод за унапредување на образованието и воспитувањето во Србија реши да ја отстрани познатата збирка на големата поетеса Десанка Максимовиќ.
Тоа предизвика лавина на бурни реакции меѓу писателите, критичарите, просветните работници, универзитетските професори, па и целата јавност во Србија, се покренаа петиции, социјалните мрежи се преплавија со огорчени реакции и подршка за Десанка ставајки нејзини слики и стихови.
Решително реагира и премиерката на Србија Ана Брнабиќ, која на свој твитер напиша: “Никогаш Десанка Максимовиќ нема да се отсрани од образовниот систем на Србија. Никогаш. Точка.”
Извор: novosti.rs