дома информација Дали градинките се безбедни за децата во време на епидемијата?

Дали градинките се безбедни за децата во време на епидемијата?

398
0

По отворање на градинките почнаа да се појавуваат случаи на корона вирус прво кај воспитувачките, а потем и кај децата.

Се отвори дилемата за тоа колку е безбедно градинките да функционираат со однос на тоа дека децата немаат доволно свест за значењето на мерките за заштита кон кои треба да се придржуваат.

-Министерот за здравство констатираше дека статистиката за заболени од КОВИД19 низ градинките досега укажува дека тие не се небезбедни.

Министерот за здравство, Венко Филипче на вчерашната објава за јавноста, откри дека до сега во градинките биле заболени 9 деца и 13 воспитувачки од корона вирус.

Заболените деца биле со лесна клиничка слика, а веќе 3 од нив целосно оздравеле. Овој податок Филипче го толкува како укажување дека сепак градинките не се небезбедни за децата и вработените и засега може да продолжат да функционираат според предвидените протоколи.

претходниот член,Влошена состојбата на американскиот претседател Трамп, поради корона вирусот
Следната статијаЈоко Оно со тужба до близок соработник на Џон Ленон бидејќи откривал вистини за нивното семејство

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде