дома информација вест Големо археолошко откритие: Пронајден првиот брод кој ги превезувал Маите што биле...

Големо археолошко откритие: Пронајден првиот брод кој ги превезувал Маите што биле продавани како робови

715
0

Археолозите во Мексико потврдија дека бродоломот откриен крај брегот на полуостровот Јукатан,носел заробени Маите кои биле продадени како робови.

Тоа е првиот брод со робови на Маите некогаш откриен, според Националниот институт за антропологија и историја на Мексико (ИНАХ), кој го објави соопштението во вторникот.


Пароброд со лопатки, познат како „Ла Унион“, бил откриен од археолозите во Мексиканскиот Залив на две наутички милји од Сисал во 2017 година.

Но, биле потребни три години истражување за да се потврди дека станува збор за брод со робови на Маите.


Ла Унион нелегално заробувал и превезувал од 25 до 30 Маја месечно во Куба, каде биле принудени да работат на полиња со шеќерна трска помеѓу 1855 и 1861 година.

Ова било за време на бунтот познат како Војна на Каста, според ИНАХ.

Извор: CNN