дома информација Богатите се најголеми штетници за природата: Емисија на CO2 кај богатите е...

Богатите се најголеми штетници за природата: Емисија на CO2 кај богатите е повеќе од половина повисока во споредба со сиромашните делови од светот

884
0


Според најновото истражување, најбогатиот 1% од светската популација е одговорен за емисија на повеќе од двојно повеќе јаглерод диоксид од посиромашната половина на светот.

Емисиите на јаглерод диоксид се зголемија за 60% во периодот од 25 години, но зголемувањето на емисиите од најбогатите 1% беше трипати поголемо од зголемувањето на емисиите од најсиромашната половина.

Извештајот, составен од Оксфам и Институтот за животна средина во Стокхолм, предупреди дека огромната прекумерна потрошувачка и зависноста на богатиот свет од транспорт со висок јаглерод го исцрпуваат светскиот „јаглероден буџет“.

Таквата концентрација на емисии на јаглерод во рацете на богатите значи дека и покрај тоа што го однесовме светот на работ на климатската катастрофа, преку согорување на фосилни горива, сепак не успеавме да ги подобриме животите на милијарди, изјави Тим Гор, шеф на политика, застапување и истражување во Оксфам Интернешнл.

Извор: Theguardian.com