Не е услов да се избегнува вечерата доколку сакате да ја доведете линијата до замисленото или да ја одржите постојната.

Доколку внимавате на вашата линија, всушност најмногу треба да внимавате на вашиот доручек, во обилноста, во периодот кога го козумирате и во составот на доручекот.

Еве кои се причините:

Обилен доручек ве прави интерни

Ако доручкувате нешто што содржи многу калории, масти или шеќери, вашиот организам ќе потроши многу енергија во варењето, со што ќе ви се одземе еланот, брзината на движењето, но и квантитетот на движењето и работењето.

Обилен доручек ќе ве спречи да работите продуктивно, да трошите калории и да се движите. Напротив доколку јадете храна во обилни количини за време на доручек единствено нешто што ќе сакате да го правите е да лежите или да спиете.

Доручекот има поврзаност со сонот

Ако доручкувате обилно и не сте активни во текот на целиот ден, тогаш непотрошената енергија ќе ви го расипе сонот навечер.

Квалитетниот сон е важен за здравјето, убавината и нормалното функционирање на метаболистичките процеси.

Колку сте погладни, толку сте поефикасни наутро

Наутро е доволно да јадете по едно јаболко или банана. Овие две овошја содржат доволно калории кои ќе ви ја дадат потребната енергија да ги завршите сите обврски во тековниот ден, а сепак да не се чувствувате како да сте јаделе вишок.

Внесот на другите потребни калории оставете го за подоцна, па квалитетена вечера со чаша вино или пиво најдобро се оди во кревет ако тековниот ден бил исполнет со обврски.