Во државните институции и министерствата почнаа подготовките за усогласување на вработувањата по етничка линија откако министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити изработи нов балансер.

До институциите стигнато е писмо од министерството во кое се наведува дека во планот за вработувањата од наредната година 31,54 отсто треба да се Албанци, пишува СДК.мк.

Како што наведува порталот, новиот балансер, според кој 31,54 отсто од администрацијата треба да се Албанци, Алити го изработил по објавување на податоците од пописот на население.

До оваа бројка дошол така што на процентот на Албанци кои живеат во земјава (24,3 отсто) го додал процентот на оние кои се запишале како Албанци во дијаспората, уште 5,2 отсто или вкупно 29,54 отсто, а додал и плус два проценти од лицата кои не можеа да се најдат или го бојкотираа пописот лица, па беа административно попишани со вкрстување на податоци и изнесуваат 7,2 отсто.

ПРЕКУРаботник
ИЗВОРсдк.мк
претходниот член,Македонски HR менаџмент: Ќе се прилагодиш во фирмава како што снаата се прилагодува на правилата на свекрвата
Следната статијаГрафичарска интуитивна насоченост

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде