Комјутери, таблети, лап топ или мобилен телефон се дел од секојдневието на децата во земјите од Запад.
Децата уживаат во бројните придобивки од овие уреди како што се – забава, софтверски решенија за организирање на податоци, олеснување на процесот на пребарување и сл.
Сепак пречестата употреба на уредите придонесува да се развиваат различни типови на болести кои досега не биле познати и чести кај „преткомјутерска“ генерација на деца.
Во продолжение листа на најзастапени „стекнати болести“ кај „комјутерска генерација на деца“:
Испакнат зглоб на шака
Испакнат зглоб на шака, или „глувчершка шака“ настануваат како резултат на предолго управување со маусот со едната рака.
Испакнатиот зглоб визуелно се разликува од зглобот на раката која не се употребува за управување со глувчето, а понекогаш се можни и болки во тој предел од шаката.
Инертни очи
Предолгото гледање во мал екран и фокусирање на вашето око само на една мала површина подолго време може да ги направи вашите очи поинтертни.
Симптоматологија на интертно око е: замаглен вид, лошо гледање кон далечина, болка и притисок во очите и слично.
Болки во грбот
Седењето подолго време на една столица може да предизвика проблеми со грбот. Тоа особено е штетно за деца кои се наоѓаат во раст и развој бидејќи неправилното седење пред монитор може да придонесе за трајно искривување на грбот.
Гојазност
Играњето игри виртуелно, го заменува играњето на игри кои поттикнуваат физичка активност. Поради тоа голем број на деца се соочуваат со феноменот – прекумерена тежина.