Моќните жени се препознаваат по нивниот говор, одлучност, движење, тие ги знаат сопствените, но и границите на другите, знаат кога треба да кажат „не“ или „доста е“.
Моќните жени не се подведуваат под мислењето на другите и тие секогаш без оптеретување зборуваат во прво лице еднина.
Еве неколку карактеристики на моќните жени и како тие се рефлектираат во „машко око“:
Моќна жена знае што сака
Моќните жени никогаш нема да ве остават да направите избор наместо нив или доколку го направите тој да ви биде незабележан или одбиен доколку не е во согласност со нивниот вкус. Моќната жена е лидер и таа секогаш знае која и е целта и наоѓа начин да ја оствари.
Жена која е моќна има голема самодоверба
Таа никогаш нема да се поколеба или посомнева во своите избори, интутиции и соништа. Едноставно во животот се потпира само на себе затоа што и најголем дел од животот го има вложено токму во себе, а не во другите луѓе.
Моќните жени „газат цврсто на земја“
Моќните жени освен тоа што се критични, тие се и самокритични. Секогаш пристапуваат реално на секоја ситуација и се трудат да дадат објективни совети. Од моќна жена нема да слушнете претерани фалби на своја сметка, озборувања, трачеви, омаловажување на другите или создавање на пренапумпана слика за себе. Тие секогаш се држат цврсто на земја и нивната приземност е многу привлечна за мажите.
Таа знае да сака најдобро
Моќните жени не се плашат да ги покажат своите емоции, но тие никогаш не манипулираат со нив. Ако моќна жена ви каже дека ве сака, тогаш таа тоа го чувствува, но и нејзините разочарувања ќе бидат многу искрени и ако се чести веројатно нема да имате уште долго простор во нејзиниот живот.
Моќна жена е кралица на флертот, таа знае да ве заведе, да има иницијатива и да направи се да се чувствувате посакувано, среќно и моќно колку што е и самата таа.
Ако сакате да освоите моќна жена, ја освојувате само неа, не сите околу неа
Моќните жени го почитуваат туѓото мислење, но не дозволуваат тоа да им го управува нивниот живот. Ако таа донесе цврста одлука дека вие сте нејзиниот избор тогаш малку е важно дали ќе бидете и избор на нејзините пријатели и на нејзиното семејство.
Едноставно таа вешто знае како да ги постави луѓето од нејзиниот живот на свое место и никогаш не дозволува некој да прави упад во улога која не му е дадена.
Моќните жени сакаат моќни мажи
Ако моќна жена наиде на слаб и мек маж тогаш тоа е комбинација во која таа најверојатно нема да биде среќна.
Моќна жена нема проблем да му препушти на мажот да биде маж, да и отвори врата, да и облече капут или да и помогне да го отвори шишето со вода.
Таа нема потреба својата моќ да ја докажува пред својот маж бидејќи односот го заснова на соработка а не на натпревар и токму тоа ја прави бескрајно моќна и неодолива за нејзиниот маж.
Магдалена Стојмановиќ