Селенот е многу моќен антиоксиданс и е многу важен за здравјето на целиот организам, но малку се зборува за тоа. Ги штити клетките од оксидација, спречува предвремено стареење на кожата, мускулите и мозокот.
Исто така, учествува во превенција од кардиоваскуларни заболувања и го стимулира имунитетот.
Тој нe штити од штетните ефекти на слободните радикали и стресот, има антивирусни ефекти, ја стимулира циркулацијата и придонесува за подобар метаболизам.
Зошто го пропуштаме?
Најчесто, недостаток на селен се јавува поради диета со малку протеини, како и поради слаб внес на риба или житарици.
Возраста и здравјето, исто така, влијаат на количината на селен што се дистрибуира низ телото.
Потребите за селен кај постарите лица растат, бидејќи сите болести што се јавуваат во овој период од животот го нагласуваат недостатокот на овој микроелемент.
Овој минерал не е произведен од самиот организам, па затоа е неопходно да се обезбеди преку храна. Има најмногу во овие намирници:
- бразилски ореви (најбогат извор на селен во храната!)
- семки од сончоглед
- банани
- грозје
- бобинки
- чиа семе
- овес
- интегрален ориз
- јачмен
- лук
- кокос