Вакцинираните луѓе со зависности може да бидат изложени на поголем ризик за „Ковид-19“, откри нова американска студија.
Претходните истражувања спроведени во времето на пандемијата откриле дека луѓето со зависност имале поголема веројатност да се заразат и да доживеат сериозни компликации поради „Ковид-19“.
Сега, и покрај напредната кампања за вакцинација, истата популација во САД сe уште е изложена на ризик, се вели во студијата спроведена од научниците од Универзитетот „Кејс Вестерн“ и Националниот институт за злоупотреба на дрога.
Последната година и половина беше особено тешка за зависниците, и поради зголемениот ризик од ковид и зголемениот број на предозирање. Повеќе од 93.000 луѓе починаа во 2020 година поради предозирање.
Иако вакцината сe уште е високо ефикасна и ризикот од инфекција е релативно мал, научниците веруваат дека високата застапеност на други истовремени здравствени проблеми кај зависниците може да биде поврзана со зголемен ризик од ковид-19.
Кога авторите на студијата ги зеле предвид негативните социо -економски фактори за здравјето – како што се проблеми со вработувањето и домувањето и коморбидитети, ризикот од инфекции кај луѓе со и без зависност беше ист.
Единствениот исклучок e кај оние кои земаа канабис – генерално помлада група пациенти за кои беше откриено дека има поголема веројатност да ја развијат болеста, дури и откако научниците ги зедоа предвид другите фактори.