Северна Македонија го слави „мрачниот“ диктатор Тито, обвинува бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева во интервју за германскиот весник „Велт“, објавено денеска, пренесува „Дојче веле“.
Таа вели и дека Македонија ја политизира работата на мешовитата историска комисија, ги блокира развојот на Коридорот 8 и бугарските инвестиции во земјата, како и оти лаже дека Бугарија и го негира идентитетот и јазикот.
Захариева посочува и дека не и е јасно како во Северна Македонија можела да се слави 40-годишнината од смртта на „мрачниот“ диктатор Тито, па оттука и „Велт“ го објавува интервјуто со наслов „Како во Берлин да се слави денот на смртта на Хитлер“.